НЕ МОЖЕМЕ СЕКОЈ ПОНЕДЕЛНИК ДА ГО ОТВОРАМЕ УСТАВОТ Што ако идната бугарска власт рече дека не важи потписот на Петков?

Ќе дојде некоја нова власт во Бугарија и ќе рече дека не важи ништо што е потпишано од страна на претходната власт. Ќе речат дека претходниците биле предавници на бугарската кауза. И од кого да бараме гаранции? Значи, не можеме да го отвораме Уставот по потреба секој понеделник, рече претседателот Стево Пендаровски.

2,915

Никој не може да гарантира колку време актуелната политичка гарнитура на чело со Кирил Петков во Бугарија ќе се одржи на власт и какви следни барања од нас би можела да има некоја наредна бугарска власт, вели претседателот Стево Пендаровски во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат.

Говорејќи на темата околу барањето на Бугарија за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, Пендаровски вели дека Уставот не може да се отвора секоја недела.






– Сите знаеме дека преговорите со Европската Унија, во најдобра варијанта, траат со години. Последниот пример со Хрватска траеше цели седум години. Секоја наредна држава која влегува во европското семејство, предолго преговара. Дури и да е сѐ идеално, нема човек кој ќе каже дека сега може да се влезе во ЕУ за две до три години. А малкумина се оние кои ќе потврдат дека владата на Кирил Петков ќе издржи седум или осум години до нашиот евентуален влез во ЕУ. И што ќе се случи? Ќе дојде некоја нова власт во Бугарија и ќе рече дека не важи ништо што е потпишано од страна на претходната власт. Ќе речат дека претходниците биле предавници на бугарската кауза. И од кого да бараме гаранции? Значи, не можеме да го отвораме Уставот по потреба секој понеделник – рече Пендаровски.

Поврзани содржини