НЕ МОЖЕЛ ДА ПРИФАТИ ДЕКА ГО ОСТАВИЛА Малолетна девојка трпи насилство и психичко малтретирање од поранешното момче
Ми пишуваат дека објавил видео на ТикТок и Фејсбук, и роднините ми кажуваат, многу лошо се чувствувам. Тие денови не можев ни да спијам, не бев мирна, ништо не јадев, ништо, вели девојката.
Цел месец малолетна девојка трпи насилство и психичко малтретирање преку Фејсбук и ТикТок од поранешното момче кое не може да прифати дека таа ставила крај на нивната врска, објави ТВ21.
Момчето на социјалните мрежи објавува лични видеа направени кога биле во врска.
– Бев во врска со едно момче и тој го имаше мојот телефон и зел мој личен материјал. Откако се разделивме тој отворил ТикТок и таму објавува видеа, и на Фејсбук објавува и пишува банални нешта – вели девојката.
Таа додава дека е многу вознемирена поради тоа што тие видеа и слики ги гледаат нејзините блиски и пријатели и цело време е под притисок што ќе се објави и што ќе се каже за неа.
– Ми пишуваат дека објавил видео на ТикТок и Фејсбук, и роднините ми кажуваат, многу лошо се чувствувам. Тие денови не можев ни да спијам, не бев мирна, ништо не јадев, ништо – вели девојката.