НЕ МОЖЕЛ ДА ОДИ, ДА ГЛЕДА, ДА СЛУША Ештон Качер ја откри борбата со тешката болест
Актерот страда од васкулитис е многу ретко автоимуно нарушување кое може да предизвика воспаление на крвните садови, што резултира со ограничен проток на крвта.
Актерот Ештон Качер открил дека автоимуното нарушување го оставило без способност да гледа, слуша или оди.
– Како пред две години, го имав тој чуден, супер редок облик на васкулитис кој ми го урниса видот, ми го расипа слухот, ми ја уништи рамнотежата – рекол 44-годишниот Качер.
Актерот рекол дека му била потребна цела година за повторно да го „изгради“ секое сетило.
Васкулитис е многу ретко автоимуно нарушување кое може да предизвика воспаление на крвните садови, што резултира со ограничен проток на крвта, според клиниката „Мејо“. Постојат многу видови на васкулитис, но повеќето влијаат на најмалку еден орган.
„Не го цените тоа додека не исчезне. Додека не кажете: ‘Не знам дали некогаш повторно ќе можам да гледам, не знам дали некогаш повторно ќе слушам, не знам дали некогаш повторно ќе можам да одам’. Имам среќа што сум жив“, рекол актерот, пренесува „Пејџ сикс“.
Сега целосно закрепнат од ужасната здравствена состојба, Ештон вели дека не дозволува каков било предизвик да му застане на патот кон успехот.
– Оној момент кога ќе почнете да ги гледате своите препреки како работи кои се направени за вас, да ви го дадат она што ви треба, тогаш животот почнува да станува забавен, зарем не? – рекол Качер кој со сопругата Мила Кунис има две деца.
„Започнете да сурфате над своите проблеми наместо да живеете под нив“, заклучил Качер.