НЕ МОЖЕА СО ШИПКА, ПА УПОТРЕБИЈА ЕКСПЛОЗИВ Вооружената група ги крена во воздух банкоматите во Топанско (ВИДЕО)

Како што може да се погледне во видеото од надозорната камера кое го сподели Зум.мк, едно лице упорно се обидува да ги отвори банкоматите, додека другите кружат околу, а во меѓувреме го нападнале и чуварот во трговскиот центар.

1,651

На социјалните мрежи кружи видео од неколкуте вооружени и маскирани лица кои рано изутринава кои со експлозивна направа оштетиле неколку банкомати поставени во трговски центар во населбата Топанско Поле

Како што може да се погледне во видеото од надозорната камера кое го сподели Зум.мк, едно лице упорно се обидува да ги отвори банкоматите, додека другите кружат околу, а во меѓувреме го нападнале и чуварот во трговскиот центар.






Откако не успеале, најверојатно со метална прачка да отворат некој од неколкуте поставени банкомати, во еден момент се гледа експлозија, при што биле оштетени. Засега не е познато дали разбојниците успеале во својата намера и дали покрај експлозијата ги отвориле и зеле пари од банкоматите.

Инаку преку соопштение МВР сподели информација за настанот кој утринава се случил во трговскиот центар во Топанско поле.

– Во 05.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во деловен објект на улица Македонско-косовска бригада во Скопје неколку лица со закана со оружје го нападнале чуварот (Ш.М.), а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти МВР.

ФИЛМСКИ СЦЕНИ ВО ТОПАНСКО ПОЛЕ, СЕ ЗАКАНИЛЕ СО ОРУЖЈЕ, ЗАПАЛИЛЕ БАНКОМАТИ! Оружан напад во трговски центар

Поврзани содржини