НЕ МОЖЕ ВО ТРИ ГОДИНИ ТРИ ПАТИ ДА СЕ МЕНУВААТ ПРОГРАМИТЕ Јаневска вели дека владее хаос во образованието

Учениците се незадоволни од тоа што немаат учебници. Учебници мора да има, ги нема ни дигиталните кои ги најавија, а не се ни спремни за тоа. Процедурата за учебник не е долга, има кратки рокови, но треба навреме да се почне, вели Јаневска.

1,274

Огромен недостаток е што учениците во Македонија цела година се оставени без учебници, реформа не може да биде колку ќе трае часот и не може во три години да се менуваат три пати учебниците, објаснува Весна Јаневска, потпретседателка на комисијата за образование од ВМРО-ДПМНЕ во Детектор на ТВ Сител. Според неа, измените власта почнала да ги прави во лош период, сред пандемијата со ковид-19.

– Учениците се незадоволни од тоа што немаат учебници. Учебници мора да има, ги нема ни дигиталните кои ги најавија, а не се ни спремни за тоа. Процедурата за учебник не е долга, има кратки рокови, но треба навреме да се почне. Пред некој ден од МОН пратија упатство за заштита на учениците, каде се бараат огради околу училиштата, а во 260 училишта има 1 до 13 деца. Наместо да се усмерат средствата за учебниците или за наставен кадар. Парите се трошат непродуктивно – изјави Јаневска.






Таа вели дека идната власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе бара консензус за образованието за следните 10 години.

– Мора да се направат промени, само разликата со следната власт ќе биде што нема да се однесуваме како Мила Царовска, Десковска и другите, туку ќе побараме консензус за образованието за најмалку следните 10 години – додава таа.

Поврзани содржини