НЕ МОЖЕ ВЛАСТА ДА ГО ОГРАНИЧУВА ПРАВОТО НА ИЗБОР Јорданов бара стимулативни мерки за вакцинација

Ако не знае власта што треба да се имплементира нека види што прават другите. Ако сакаме да се грижиме за здравјето за нашите граѓани тоа треба да го направиме на друг начин, да направиме подобро здравство - вели Јорданов.

393

Ги повикувам сите да се вакцинираат, но не може власта да воведува мерки со кои го ограничува правото на избор, не може да воведуваат мерки со кои го дели народот, вели Иван Јорданов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Стадион“ на радио Канал 77.

Јорданов вели дека треба да има стимулативни мерки за вакцинација, а не да се прави тоа со принуда.






– Ако не знае власта што треба да се имплементира нека види што прават другите. Ако сакаме да се грижиме за здравјето за нашите граѓани тоа треба да го направиме на друг начин, да направиме подобро здравство – вели Јорданов.

Дебатирајќи во емисијата со градоначалникот на Штип, Сашко Николов, Јорданов посочи:

– Вие повикувате на масовна вакцинација, а не направивте основни услови во здравството, ниту ја има новата кличиничка болница во Штип, ниту модуларната е целосно опремена.

 

Поврзани содржини