НЕ МОЖЕ НИЕ ДА СЕ РАДУВАМЕ, А МАКЕДОНЦИТЕ ДА ТАГУВААТ Европската Унија го препозна напредокот на Србија
Ние сме единствената земја од Западен Балкан на која нешто ѝ е отворено на меѓувладината конференција во Брисел. На тоа ние не се радуваме, затоа што би го сакале тоа и за другите, особено за нашите пријатели од Северна Македонија, но од билатерални причини тоа не го направија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
На отворената седница на српската Влада, на која присуствуваше претседателот Алекандар Вучиќ, тој оцени дека отворањето на кластерот 4 е важен сигнал дека ЕУ го поддржува натамошниот напредок на Србија на нејзиниот европски пат, но и дека во Србија се работело вредно и добро, јави дописникот на МИА од Белград.
– Ние сме единствената земја од Западен Балкан на која нешто ѝ е отворено на меѓувладината конференција во Брисел. На тоа ние не се радуваме, затоа што би го сакале тоа и за другите, особено за нашите пријатели од Северна Македонија, но од билатерални причини тоа не го направија – изјави Вучиќ.
Кога станува збор за состојбите во регионот, тој посочи дека е забележливо што со посебно внимание се следи напредокот на Србија.
Вучиќ оцени дека е забележливо дека Загреб и Приштина на најистакнат начин, но и делови од политичко Сараево изразуваат незадоволство и ја следат брзината на напредокот на Србија, зајакнувањето на нејзината финансиска моќ, но и зајакнувањето на армијата, со желба тоа да не оди со таа брзина.
– За нас е важно да се придржуваме до нашата политика на почитување на Дејтонскиот договор, интегритетот на БиХ, но и на РС – рече тој.