НЕ МОЖЕ НА БАРАЊЕТО ДАЈТЕ ПАРИ ЗА АВТОБУСИ, СОВЕТОТ ДА РЕЧЕ НЕМА ПРОБЛЕМ, ЕВЕ ВЕДНАШ Советниците мора детално да знаат каде одат парите на граѓаните, вели Димитровски
Актуелната градоначалничка направи една коалиција во Советот со којашто соработува, со ДУИ, СДСМ и со Левица, вели носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, професорот Даме Димитровски.
Данела Арсовска направи коалиција во Советот на Град Скопје со ДУИ, СДСМ и со Левица, вели носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, професорот Даме Димитровски.
– Актуелната градоначалничка направи една коалиција во Советот со којашто соработува, со нејзините партнери, коишто назначуваат директори на институциите и јавните претпријатија, тие се генерално или од делот на градоначалничката или се од ДУИ или се директори поставени од Левица во културните институции во градот. И таа коалиција да речеме, еве сега и СДСМ им помага, ги релативизира работите и ѝ помага на градоначалничката да глуми жртва – вели Димитровски.
Тој истакна дека Советот имаше контролна улога, која добро си ја работеше.
Во врска со негласањето за набавка на нови автобуси од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Димитровски грече дека советниците требале да имаат увид во набавката, а не да гласаат без да знаат каде одат парите на скопјани.
– Не може на барањето дајте ми пари за да купам автобуси, Советот да одговори, нема проблем, еве веднаш. Ова е Совет којшто располага со парите на граѓаните. Со парите на граѓаните мора да се располага одговорно, а колку што јас имам информации, немало доволно информации во врска со оваа набавка – појасни Димитровски.
Носителот на советничката листа се осврна на нападите за некакви прстиња во мед, каде што појасни дека доколку имало некаков криминал, СДСМ немаше да го остави тоа така, туку веднаш ќе постапеле на нивен познат начин.
– Доколку имаше некаква случка поврзана со некакви си рачиња во медот, поврзана со криминал за директорот којшто го водеше „Водовод“, СДСМ беше на власт, градоначалничката е на власт и тие ја поддржуваат генерално, досега ќе имаше тужба, ќе имаше некаков судски епилог, ќе имаше каква било постапка којашто ќе ја поведоа, но тие не поведоа ништо и човекот што го водеше „Водовод“ се повлече тогаш со чист образ – заклучи Димитровски.