НЕ МОЖЕ ДА СИ ИГРАТЕ СО СУДБИНАТА НА ГРАЃАНИТЕ, А ДА ОСТАНЕТЕ СО БЕЛ ОБРАЗ Вреди смета дека ДУИ е пред уништување
Државата се ослободи, граѓаните дишат слободно. За да продолжи понатаму, откако албанскиот народ со глас го осуди, македонските партии со целосен бојкот и со јасни причини, и меѓународниот фактор му го зададе последниот удар, со кој оваа партија е во нокаут, изведувајќи ги последните удари, реагираше Вреди преку соопштение.
Партијата нон грата ДУИ, остана сама, и на работ на уништување. Бидејќи оваа партија е позната како десна рака на казината, тие ги потрошија сите џокери што им беа на располагање. Принципите ги оставија на страна, интересот на граѓаните во фиоки, а состојбата на Албанците воопшто не им беше на дневен ред, коалицираа со сите политички партии само за да ја задржат власта, обвини коалицијата Вреди.
„Но, денес сме во време на целосно демаскирање на оваа преполовена и уништена партија. ДУИ како единствена врата на која тропнаа Албанците, се претвори во врата од пеколот, врата која не се отвора. Или кога се отвори вратата на ДУИ, на Албанец му се затвори врата и се отвори затворска врата. Така, наместо решение, оваа нон грата партија за време на своето делување затвори и малтретираше многу Албанци. Тргнуваме од таму каде што почна промената, Албанците први ја разбираат дволичноста и лицемерието на оваа партија. Затоа на последните избори му го дадоа заслужениот одговор. Албанскиот граѓанин гласаше за осуда на оваа штетна партија за државата. А оваа казна ќе биде уште поостра на претстојните избори бидејќи веќе нема закани и уцени. Државата се ослободи, граѓаните дишат слободно. За да продолжи понатаму, откако албанскиот народ со глас го осуди, македонските партии со целосен бојкот и со јасни причини, и меѓународниот фактор му го зададе последниот удар, со кој оваа партија е во нокаут, изведувајќи ги последните удари“, обвини Вреди.
ДУИ денес стана синоним за криминал и корупција, таа е најнепосакуваната партија во цела држава, наведено е во реакцијата.
„Сега можат да ги обвинат граѓаните, па и македонските партии, но и меѓународниот фактор. Но, се фактите што ја докажуваат реалната вистина. Не можете да си играте со судбината на граѓаните и да останете со бел образ, како што поцрнија многу животи на граѓани, полека полека овие безобразници си заминуваат и исчезнуваат од политичката сцена. Најголемата албанска коалиција, Вреди, е вратата на која граѓаните можат да чукаат. Вреди е најдобрата и единствена политичка опција во албанскиот табор“, соопшти Вреди.