Бренда Пени, судијката одговорна за надзор на старателството над Бритни Спирс, го одби нејзиното барање нејзиниот татко Џејми Спирс да се отстрани од позицијата нејзин старател, јавува Си-ен-ен.
Судијката во средата ја потпишала пресуда со која Џејми Спирс, таткото на Бритни, и понатаму останува нејзин официјален старател и има контрола над нејзиниот живот. Деталите за пресудата сè уште не се споделени со јавноста.
Да потсетиме, Бритни минатата недела директно му се обрати на судот за случајот со контроверзното старателство. Пејачката рече дека си го сакада си го врати својот живот и да се стави крај на 13-годишното старателство коешто нејзиниот татко го има над неа.
– Толку сум бесна што не можам да спијам и депресивна сум. Сакам да ме слушнат… Сакам промени и сакам промените да напредуваат. Заслужувам промени – рекла пејачката за време на сведочењето.
Бритни исто така изјави дека сака да се омажи за своето момче и да роди дете, но дека тоа не ѝ е дозволено. Таа го обвини својот татко дека ја спречил во намерата да ја отстрани спиралата за да може да забремени. Пејачката исто така рече дека била принудена да зема лек за биполарно растројство – до тој степен што се чувствува пијана и не може да зборува.
Имено, Бритни е под конзервациски надзор последните 13 години, што ја спречува да донесува големи одлуки во сопствениот живот (и лични и финансиски) и сите одлуки ги носат нејзиниот татко Џејми Спирс и адвокатот Ендру Валет. Старателот исто така има овластување да го поништи полномошното во нејзино име, да одлучи каде ќе живее и да потпишува даночни обрасци во нејзино име.