НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОНАЈДЕ ТЕЛОТО НА УДАВЕНОТО МОМЧЕ Матната вода ја отежнува потрагата

По момчето што исчезна во водите на браната Дрвош трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода им ја отежнуваат потрагата, велат од СВР Струмица.

616

Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата.






Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

 

ВЛЕГОЛ ДА СЕ ИСКАПЕ, АМА НЕ ИЗЛЕГОЛ Жител на струмичко Дабиле исчезна во водите на браната кај село Дрвош

Поврзани содржини