НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КАЛИФАТ ВО ГЕРМАНСКОТО ОПШТЕСТВО Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив

Ќе одговориме со полна сила на законот на секој што агресивно повикува на калифат на нашите улици, поттикнува омраза кон државата Израел и кон Евреите на неподнослив начин и ги презира правата на жените и на малцинствата, вели германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.

409

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив и ќе го конфискува неговиот имот, додека претреси се вршат и во две други исламски здруженија, објави денеска германското министерство за внатрешни работи.

Седум згради беа претресени во Хамбург од раните утрински часови, додека 12 згради поврзани со здруженијата Генерација Ислам и Реалност Ислам беа претресени во Берлин и во покраината Хесен како дел од прелиминарните истраги.






– Ќе одговориме со полна сила на законот на секој што агресивно повикува на калифат на нашите улици, поттикнува омраза кон државата Израел и кон Евреите на неподнослив начин и ги презира правата на жените и на малцинствата – рече министерот за внатрешни работи Александар Добринт.

 

Поврзани содржини