НЕ МОЖЕ ДА ОДИ БЕЗ БАСТУН Познатата актерка проговори за болеста која ѝ го променила животот
На поранешната ѕвезда на серијата „Брачни води“ во август 2021 година ѝ била дијагностицирана мултиплекс склероза и оттогаш ретко се појавува во јавноста.
Актерката Кристина Еплгејт во неодамнешното интервју раскажала за тоа како изгледа нејзиниот живот откако дознала дека боледува од мултиплекс склероза.
Пред американската актерка Кристина Еплгејт е значаен период. Наскоро ќе започне емитувањето на последната, трета сезона на серијата на Нетфликс „Dead to me“, во која таа ја толкува едната од двете главни улоги.
View this post on Instagram
Тој црно-хумористичен проект ѝ значи многу – времето што го поминала на снимањето ѝ било „појас за спасување“ кога потонувала во криза, преплавена со тага и гнев, иако нејзините доаѓања на сетот биле физички исклучително тешки и напорни.
Имено, на поранешната ѕвезда на серијата „Брачни води“ во август 2021 година ѝ била дијагностицирана мултиплекс склероза и оттогаш ретко се појавува во јавноста. Таа направила отстапка за „Њујорк тајмс“, а повод за интервјуто е почетокот на прикажувањето на последната сезона на „Dead to Me“ на 17 ноември.
„Ова е првпат што ќе ме видите таква каква што сум. Не можам да одам без бастун, секој чекор е болен, а знам дека поради болеста и добив вишок килограми. Сакам луѓето да знаат дека сум болно свесна за сѐ“, започнала актерката.
View this post on Instagram
Ова не е првпат Кристина да се соочи со сериозна дијагноза. Имено, актерката пред пет години беше успешно излекувана од рак на дојка, но целиот процес беше и многу стресен и болен и физички и психички. По операцијата се врати на јавниот живот, снимаше, се чинеше дека е во ред додека минатата година не доживеа нов шок.
Ѝ требало време да го прифати ова, па затоа снимањето на серијата беше накратко прекинато оваа пролет за да собере сили и да се соочи со незавидната ситуација.
Исповедта завршила со тврдењето дека животот неверојатно ѝ се променил, а како што вели најлошото од сѐ е што ништо не може да направи околу тоа. Сега се труди да го направи најдоброто со тоа што ѝ останало.