НЕ МОЖЕ ДА ГИ ТРПИ ДИВЈАЧКИТЕ ИСПАДИ НА НАВИВАЧИТЕ Имобиле си заминува од Лацио
Некои приврзаници на римските „орли“ го обвинуваат 34-годишниот Италијанец за отказот на тренерот Маурицио Сари.
Капитенот на Лацио, Чиро Имобиле, сака да го напушти клубот, пишува „Кориере дела сера“. Причината за ова се нападите на навивачите врз него и неговото семејство.
Некои приврзаници на римските „орли“ го обвинуваат 34-годишниот Италијанец за отказот на тренерот Маурицио Сари.
Имобиле пред неколку дена остана заглавен во сообраќаен метеж со неговиот 4-годишен син и неговата сопруга во автомобилот. Навивач на Лацио го препознал, излегол од автомобилот и почнал да го пцуе. Инцидентот многу го исплашил детето, а следниот ден неговата сопруга била навредувана на улица. Освен тоа, на социјалните мрежи веќе неколку месеци има напади против Имобиле.
Лацио ја изрази својата целосна солидарност со нивниот капитен Имобиле и неговото семејство во врска со вознемирувачките напади во последните денови.
„Спортот и последователно неговата етичка вредност мора да остане како таков. Секој акт на вербално или физичко насилство мора да биде едногласно осудено, цврсто и без оправдување“, се вели во соопштението на римскиот клуб.