📽️ „НЕ МОЖАМ ДА КАЖАМ КАКВО ОЛЕСНУВАЊЕ Е“ Кејт Мидлтон објави дека завршила со хемотерапија

Таа во март откри дека има рак и дека веќе почнала со лекувањето, при што во најголем дел од годината не се појавуваше во јавност. Кралското семејство никогаш не откри за каков рак станува збор.

1,224

Принцезата Кејт Мидлтон завршила со хемотерапиите  и дека е фокусирана на тоа „да остане здрава“, објави во видео од палатата Кенсингтон.

– Како што летото завршува, не можам да ви кажам какво олеснување е што конечно го завршив мојот третман со хемотерапија – вели принцезата од Велс.






Таа во март откри дека има рак и дека веќе почнала со лекувањето, при што во најголем дел од годината не се појавуваше во јавност. Кралското семејство никогаш не откри за каков рак станува збор.

– Оваа година беше неверојатно тешка. Животот што го знаете може да се промени во секунда – пишува во поракат Кејт.

Нејзините здравствени проблеми почнаа во јануари, кога беше примена во болница за операција на стомакот, за што исто така не беа објавени детали.

Поврзани содржини