НЕ МИРУВА ПОЧВАТА ВО ТУРЦИЈА Нов земјотрес од 4,9 степени, овој пат се тресеше во Анадолија
Продолжува серијата земјотреси кои следеа по земјотресот со јачина од 6,2 степени во средата во Истанбул, два посилни земјотреси во Кутахја, а потоа и во Коња.
Уште еден силен земјотрес е регистриран вечерва во Турција по серијата земјотреси кои следеа по земјотресот со јачина од 6,2 степени во средата во Истанбул, два посилни земјотреси во Кутахја, а потоа и во Коња.
Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 21 часот и 9 минути по локално време во Елазиг, Анадолија, во источниот дел на Турција, објави Хаберлер.
Тресењето на земјата се почувствува и во околните провинции како Малатија, Санлиурфа и Адијаман.