НЕ МИРУВА НЕБОТО НАД УКРАИНА Продолжуваат руските жестоки напади

Помошникот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, на Телеграм предупреди дека денеска се можни вонредни прекини на струја за да се стабилизира снабдувањето, по вчерашните руски напади врз енергетската инфраструктура.

333

Гувернерот на Миколаев Виталиј Ким на Телеграм соопшти дека во текот на ноќта во неговиот регион Украина соборила 12 проектили и девет дронови камикази Шахед-136.

Тој и пред неколку минути соопшти дека е активирана тревога за воздушни напади.






Ким не соопшти за евентуални жртви.

Помошникот на украинскиот претседател, Кирило Тимошенко, на Телеграм предупреди дека денеска се можни вонредни прекини на струја за да се стабилизира снабдувањето, по вчерашните руски напади врз енергетската инфраструктура.

Тимошенко ги наведе регионите Волин, Житомир, Лавов, Суми, Тернопил, Харков и Хмелницки како области каде комуналните услуги сè уште не се целосно вратени на целото население.

Поврзани содржини