НЕ МИ СЕ ДЕБАТИРА ВЕЌЕ, А ТЕЈЛОР СВИФТ ЌЕ ПЛАТИ ШТО ЈА ПОДДРЖУВА КАМАЛА Доналд Трамп ги изнесе своите впечатоци од дебатата со Харис

Доналд Трамп го изнесе своето мислење за пејачката Тејлор Свифт која објави дека ќе гласа за кампањата на Камала Харис.

2,884

Републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп, рече дека не знае дали сака повторно да дебатира со Камала Харис, тврдејќи дека „ја победил дебатата“ ноќеска, пишува британски Гардијан.

– Па, јас би бил помалку наклонет кон нова дебата бидејќи имавме одлична ноќ. Ја добивме дебатата – рече Трамп.






Тој претходно се согласи да учествува на дебата организирана од „Фокс њуз“, а модерирана од водителите Марта Мекалум и Брет Баер. Но, утринава, тој се премисли.

– Не би сакал да бидам со Марта и со Брет. Би сакал да бидам со секој друг освен со Марта и со Брет – појасни тој.

Трамп го изнесе и своето мислење за пејачката Тејлор Свифт која објави дека ќе гласа за кампањата на Харис.

– Таа е многу либерална личност, изгледа дека секогаш поддржува демократ и веројатно ќе ја плати цената за тоа на пазарот – објасни Трамп.

 

 

Поврзани содржини