📽 НЕ ЈА СЛУШАМ ЦЕЦА ПО ДОМА Вељко Ражнатовиќ знае што е добра музика

Мислам дека знам повеќе нејзини песни отколку таа, но да ја слушам дома или на слушаки, не го правам тоа, рече за мајка му српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

472

Српскиот боксер Вељко Ражнатовиќ, синот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, неодамна се осврна на музиката на неговата мајка и зборуваше за неговиот живот во село.

– Ретко ја слушам нејзината музика, но секако ги сакам сите песни. Ги знам сите. Мислам дека знам повеќе нејзини песни отколку таа, но да ја слушам дома или на слушаки – не го правам тоа. Колку е перфекционист е доказ тоа што одамна не објавува музика. Таа нема да извади ништо што не е квалитетно, никако. Кога ќе излезе новиот албум, ќе биде лудо. Не знам кога, се надевам што побргу – објасни боксерот во „Лагани подкаст “.






Нему исто така не му недостига ни Белград, а селскиот живот му годи повеќе.

– Јадам само тоа што сам го одгледувам, многу е поздраво и за децата. Тоа беше на иницијатива на сопругата. Мојот свекор одгледува кокошки, а јас прасиња, ние имаме сопствена фарма. Белград не ми недостига, ни малку. За мене селото е многу подобро, а Тител е навистина преубав. Уживам во реката, во дивината, во ридот… Не сакам гужви, сообраќај, не сум таков. Во исто време, од Зрењанин сум 20 минути, а од Белград 50, па блиску сум – рече Вељко.

Боксерот Вељко Ражнатовиќ живее во Тител, родното место на неговата сопруга, со сопругата Богдана и синовите.

За потсетување, Богдана и Вељко Ражнатовиќ неодамна го добија третиот син Исаија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lagani Podcast (@lagani.podcast)

Поврзани содржини