Не ме плаши коронавирусот, туку лошите луѓе: На Атиџе ѝ скршиле и украле трмки со пчели

3,472

Атиџе Муратова, ѕвездата од документарниот филм „Медена земја“, деновите ги поминува во Бекирлија заедно со пчелите и со кучето.

За порталот ММС.мк Атиџе раскажува дека не се плаши од новонастанатата ситуацијата со новиот коронавирус, туку повеќе се плаши од лошите луѓе. Таа изминатиов период била мета на крадци, кои ѝ украле дел од пчелите.






– Не се плашам од коронавирусот, како рекол Господ така ќе биде, мене повеќе ме плашат лошите луѓе. Бев кратко во Дорфулија, го менувам кровот на куќата, но повеќе сум во Бекирлија. И кога се вратив имам што да видам, 20 нови трмки, кои требаше да се населат со пчели беа скршени, а две трмки постари полни со пчели ми украле – вели Атиџе.

Поврзани содржини