Нејмар маки мачи со повредата

Нејмар деновиве се врати на тренинзи по едномесечна рехабилитација, но тренерот Маурисио Пекетино не сака да избрзува со враќање на Бразилецот на терен.

234

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен (ПСЖ), Нејмар ќе го пропушти и утрешниот натпревар против екипата на Лил во националниот куп, соопшти денеска актуелниот француски првак.

Нејмар деновиве се врати на тренинзи по едномесечна рехабилитација, но тренерот Маурисио Пекетино не сака да избрзува со враќање на Бразилецот на терен.






„Нејмар веројатно својот прв натпревар по повредата ќе го има претстојниот викенд во првенствениот натпревар против Лион“, наведе ПСЖ.

Покрај Нејмар, екипата на ПСЖ за куп мечот против Лил, кој води во француското првенство, ќе биде и без услугите на Хуан Бернат и Пабло Сарабија.

Поврзани содржини