Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ја оставил манекенката со хрватско потекло Наталија Барулиќ поради атрактивна сонародничка, пишуваат странски медиуми. Наводно, фудбалерот е осум месеци во отворена врска со пеачката Габили, чие вистинско име е Габриела.
Бразилскиот весник „Ехтра“ пишува дека Нејмар на атрактивната Бразилка и се јавил на Инстаграм во текот на пандемијата со коронавирусот. Потоа Габили отпатувала кај него во Париз, каде била сместена во хотел, а се среќавале и покрај карантинот. Парот само се забавувал.
Ни Габили, ни Нејмар не ја потврдиле врската, но бразилскиот ас ни порано не го коментирал својот приватен живот. Сепак, Познатиот Бразилец се појавил на Интаграмот на Габили.