Вдовицата на фронтменот на култниот бенд „Нирвана“ Курт Кобејн, повеќе не личи на самата себе. 55-годишната Кортни Лав е снимена на опуштена прошетка низ лондонските улици во друштво на поранешниот стриптизер Алекс Хемсли.
Алекс е 24 години помлад од неа, а парот го поминал целиот карантин заедно во Лондон. Ова е прв пат Кортни да се појави во јавноста, откако откри дека е трезна 18 месеци, но и прв пат откако беше „уловена“ со момчето претприемач, кое на помлада возраст работело како стриптизер во ноќните клубови за да го исплати факултетот. Сепак, јавноста не беше шокирана од нивната врска, туку од фактот дека лицето на Кортни изгледа навистина непрепознатливо. Ова не е изненадувачки затоа што станунва збор за жена која има навистина бурен и турболентен живот, исполнет со дроги и алкохол, што оставило голема трага на неа.
Кортни се прослави како пејачка и актерка во раните 90-ти години на „гранџ“ сцената, но претходно работела и како проститутка и стриптизета. Сепак, нејзините проблеми започнале уште од раното детство, па завршила во поправен дом веќе на 12-годишна возраст. Таквиот живот ја довел до години зависност од алкохол и тешки дроги, што се одразило на нејзиното тело и лице.