Не купувам влошки и тампони, користам стари чорапи: Пејачката го згрози светот откако откри како живее! ФОТО
Муншедоу е пејачка од Минесота, а кога незиното име би го превеле на македонски, би се викала „Сенка на Месечината“. Во забавната индустрија позната е и под името Голди Локс, а своите 15 минути слава ги секнала во текот на 90-те години на минатиот век.
Меѓутоа, на почетокот на кариерата се борела со сиромаштијата, поради што станала, како што вели „исклучително штедлива“ – дотолку што деновиве гледачите на едно реално шоу за штедачи ги шокирала со своите навики. Како што самата објаснила во емисијата, таа станала зависна од штедење и, ден-денес, иако повеќе нема проблеми, се обидува да го сочува секој денар.
– Мразам да трошам пари освен ако баш не морам. Жените трошат и до 300 долари годишно на женска хигиена. Тоа е измама. Јас наместо влошки и тампони користам стари чорапи, а дури ниту нив не ги купувам, туку одам во јавни перални за долна облека од каде земам чорапи кои луѓето ги заборавиле или фрлиле – ја раскажала својата бизарна навика.
„Луѓето ми се смеат поради тоа, но мојот начин е поштедлив и еколошки посвесен“, вели таа.
Голди е толку многу опседната со штедење што пресметала и колку чини едно перење во машина – од три до пет долари, што за неа е неприфатливо. Затоа, го одложува перењето сè додека машината не е целосно полна. Во кафулињата никогаш не ја плаќа својата пијачка. Наместо тоа, ги цеди пијалаците од другите чаши.
Ова не е крај. Како што објаснува, прозорците во своето возило никогаш не ги отвора, бидејќи со тоа се троши повеќе енергија, ако сака да го загрее или излади автомобилот, тоа е дополнителен отпор, поради што моторот мора посилно да повлече. Со овие мерки, како што тврди, месечно заштедува околу 725 долари.
Голди вели и дека се соочува со потсмев кога луѓето ќе ги забележат нејзините навики, но сепак го вели следново:
– Штедењето е моја страст, како и музиката. Тоа е мојот стил на живот и не ме интересира што другите мислат за тоа – рекла Муншедоу.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм