НЕ КУПУВАЈТЕ ДЕВИЗИ ВО ПАНИКА! Има доволно евра за сите потреби

Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период, велат од МБА.

337

Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА).

– Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво. Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период – велат од МБА.






Оттаму нагласуваат дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и како и досега има потенцијал за справување со шокови и натамошна поддршка на компаниите и граѓаните.

Поврзани содржини