НЕ КАЖУВАЈ ДВАПАТИ Британската министерка ограбена на состанок на кој разговарала за проблемот со кражбите

Кражбата се случи пред 2 дена во Ворвикшир, централна Англија. Локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде што се одржуваше конференцијата.

998

На британската министерка за внатрешни работи, Диана Џонсон, ѝ е украдена чантата на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите.

Џонсон на средбата истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на антисоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“.






Кражбата се случи пред 2 дена во Ворвикшир, централна Англија. Локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде што се одржуваше конференцијата.

Неименуван владин претставник изјави дека украдената чанта не претставува безбедносен ризик.

Британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира случајот.

Поврзани содржини
na