„НЕ КАЖАВ НА ЖЕНА МИ, НИ НА ДЕТЕТО“ Освоил милиони на лотарија па решил да скрие сѐ од семејството

Не им кажав на сопругата и на детето од страв да не станат мрзливи, па поради тоа да не се трудат во иднина, рекол новопечениот милионер.

360

Добрите вести за неочекувана парична добивка или цело богатство, повеќето од нас би побрзале да ги споделат со семејството и пријателите, но не и еден Кинез. Тој неодамна добил 30 милиони долари на лотарија, но овој факт го криел од сопругата и детето бидејќи „не сакал да бидат мрзливи“.

Добивката на лотаријата се случила на 24 октомври, кога среќникот, кој се претстави само како Ли, освои 219 милиони јуани (29,9 милиони долари) во Нанинг, регионот Гуанкси. Тој дошол во канцеларијата на лотаријата облечен во костим од маскота, вообичаена практика меѓу кинеските добитници на лотарија кои се обидуваат да го скријат својот идентитет од јавноста.

 






Сепак, Ли не сакал да ја крие добивката само од јавноста, туку и од семејството.

– Не им кажав на сопругата и на детето од страв да не станат мрзливи, па поради тоа да не се трудат во иднина – рекол новопечениот милионер.

Во минатото, тој вели дека добивал неколку пати помали суми.

– Лотаријата ја сметам за хоби. Не трошам многу пари на тоа, а ми служи како трошка надеж – објаснил Ли.

Мистериозниот победник донирал 5 милиони јуани во добротворни цели, но не е сигурен што да прави со останатите.

Поврзани содржини