НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА БЕЗ ЧАДОР, АМА ЗА СОНЦЕ Следната недела ќе го почувствуваме пеколот

Како што информира УХМР, од почетокот на следната работна недела дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени Целзиусови.

202

Следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Како што информира УХМР, од почетокот на следната работна недела дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени Целзиусови.






Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветар од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 степени, а дневната од 29 до 36. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 34 степени Целзиусови.

Поврзани содржини