НЕ ИЗЛЕГУВАЈ СЛАВОМИРЕ И ПУШТАЈ МУСТАЌИ! Двојникот на Путин во Полска си накалемил големи проблеми
Славек, како што нагалено го викаат, контактирал со руската амбасада во Полска за да се обиде да оствари средба со Путин, „но тие не му дозволуваат во вакви ситуации“, открил двојникот.
Човекот што личи на рускиот претседател Владимир Путин, познатиот Полјак Славомир Собала, има проблеми во градот Вроцлав кадешто живее. Тамошните Украинци го предупредиле да не излегува од дома и да пушти мустаќи. Тој има проблеми уште откако почна војната, а ова значи дека нема да може веќе да заработува од фактот што е „плукнат“ двојник на рускиот лидер, пишува британски Дејли Стар.
Собала има 53 години и веќе осум години снима реклами и други видеа во кои го глуми Путин за британската агенција „Lookalike“(„Двојник“). Парите кои ги собрал од оваа работа му дошле како екстра профит од неговата секојдневна работа – тој, инаку води транспортна компанија.
– Војната што ја покрена Путин очигледно влијае на мојот секојдневен живот. Луѓето често ми дофрлаат зборови на улица и ми велат дека личам на Путин. Исто така често ми велат да не излегувам од дома поради безбедносни причини – изјавил Собала за Дејли Стар и додал:
– Други луѓе ми предлагаат да пуштам брада и мустаќи за да не изгледам како Путин. Се трудам да не бидам на јавни места, а кога треба да бидам таму, го игнорирам тоа и се трудам да не испровоцирам некоја несакана ситуација.
Но, тој вели дека сè уште работи како имитатор и покрај опасноста што го демне. Во Вроцлав секој десетти жител е Украинец и не го сака Путин.
– Да, работам, но не се согласувам да учествувам на сите настани. Не учествувам во забавни проекти и приватни настани. Верувам дека ликот на Путин сега е слабо примен и затоа не сакам да се изложувам на опасни ситуации. Во моментов добив неколку понуди од професионални продуценти на играни филмови. Наскоро ќе потпишам договор со еден од нив.
Неговата сопруга за медиумите ги открила и лошите страни на неговата сличност со рускиот лидер. Таа вели дека луѓето често го мачат Славомир за селфи.
Таа изјавила:
– За мене понекогаш е смешно кога ја работиме оваа работа и се среќаваме со други луѓе и се забавуваме, но понекогаш е непријатно затоа што кога сме со семејството и шетаме на одмор, на плажа или во ресторан, во баровите, луѓето се допираат. Еден човек (на маж ми) му вели: „Еј еј, личиш на Путин, може ли да се сликам со тебе?“ Понекогаш ми е многу непријатно.
Славомир има направено различни перформанси со ликот на Путин, од седење во толпата на Светското првенство во 2018 година со Ким Јонг Ун, па сѐ до снимање добротворни видеа за африканските бегалци.
Славек, како што нагалено го викаат, контактирал со руската амбасада во Полска за да се обиде да оствари средба со Путин, „но тие не му дозволуваат во вакви ситуации“, открил двојникот.