Не излегува надвор без маска веќе 20 години

Жена која е алергична на УВ зраците не излегувала надвор 20 години без својата НАСА маска.

976

Фатима Газауи имала 2 години кога родителите забележале дека има многу пеги на кожата. Ја однеле на лекар и ѝ е поставена дијагноза – ксеродерма пигментозум. Кожата на луѓето кои боледуваат од таа болест не може да се обновува по изложувањето на ултравиолетово зрачење, станува многу сува и забрзано старее, пренесува Нова.рс.

Фатима која има 28 години може да изгори и на најслабо сонце и е под голем ризик од рак на кожа. Дури и кога е облачно, таа е загрозена. Поради тоа воглавно живее ноќе, а преку ден носи крема со фактор 90 и ја нанесува на секој час. Во куќата на прозорците има посебни УВ филтри.






-На 2 години ме однеле на лекар но не можеа да ми утврдат дијагноза. Потоа отидов кај друг лекар кој конечно ми кажа дека имам ксердодермум пигментозум. Ретко излегувам дење, ама кога морам ја ставам својата специјална НАСА маска, ракавици за да се заштитам од сончевите зраци. Мојот ден е поинаков отколку на другите луѓе, го минувамн целиот ден дома и денот ми почнува ноќе – вели Фатима.

Оваа девојка поради својата состојба прекинала да оди во училиште на 13 години, на на 16 години самата почнала да ја истражува болеста која ја има и сватила дека можела да почине уште кога била дете.

– Поминав тежок пат за да стигнам до тоа што сум денеска. Се борев многу и ми беше тешко да го прифатам проблемот кој го имам. Морав да се откажам од образование, а се школував од дома поради што се чувствувам како некој да ми го украл детството – вели таа.

Фатима досега имала 55 операции. Лек за нејзината болест не постои, а во Велика Британија на пример 70 отсто луѓе со оваа болест не дочекува 40 години.

– Јас сум голем оптимист и се надевам дека можам да ги инспирирам луѓето да се борат со оваа болест. Моето семејство ме поддржува, секогаш се гордеат со мене. Сакам да им кажам на луѓето да го живеат секој ден како да им е последен, животот е прекус и треба да дишат со полни бели дробови – вели Фатима.

Поврзани содржини