НЕ ИЗДРЖА СРЦЕТО НА НИКОЛИЌ Синоќа Јулија починала додека се враќала од Грција

Кобниот момент се случил во близина на Велес, каде таа останала без свест и починала на лице место.

4,123

Утринава македонската спортска јавност со неверување ја прими веста за прерано згаснатиот живот на поранешната репрезентативка Јулија Николиќ (Портјанко), која почина ненадејно синоќа на 38-годишна возраст.

Како што објави порталот Екипа, извори блиски до трагично починатата обелоденуваат дека срцев удар бил причина за смртта на 38-годишната Јулија, која се враќала од Грција. Кобниот момент се случил во близина на Велес, каде таа останала без свест и починала на лице место.






Николиќ одбележа една ера во македонскиот ракомет и беше една од омилените во дресот на Кометал Ѓорче Петров. Покрај за европскиот шампион од 2002 година, Николиќ беше дел и од ЖРК Вардар.

По завршувањето на кариерата Николиќ остана да живее во Скопје и беше сопственик на свој бизнис.

Поврзани содржини