НЕ ИМ СЕ ПРОДОЛЖЕНИ ДОГОВОРИТЕ ЗА ЗАКУП НА ВЕЌЕ ЗАСЕАНО ЗЕМЈИШТЕ Земјоделци од Светиниколско се закануваат со протести

Станува збор за 88 земјоделци кои имаат под закуп од 10 до 20 хектари, а на земјиштето веќе се посеани земјоделските култури.

116

Речиси 90 земјоделци од здружението Овчеполски фармер се заканија со протести в четврток, ако до утре  не добијат одговор од Министерството за земјоделство зошто не им се продолжени договорите за закуп на  земјоделско земјиште. Тие за ова  писмено го информираа Министерството.

Ангел Стојчев претседател на здружението Овчеполски фармер денеска најави дека со своите трактори ќе блокираат патишта и улици во Свети Николе.






– Ние сакаме да ни ги продолжат договорите со анекс договор на 15 години. Секое ново продолжување значи и изложување на големи трошоци, само еден елаборат чини од 30.000 до 40.000 денари, па внесувањето во Катастар таму чини некаде околу 12.000 денари. Сѐ е зголемено – изјави за МИА, Стојчев.

Тој посочува дека станува збор за земјоделци кои имаат под закуп од 10 до 20 хектари, а на земјиштето веќе се посеани земјоделските култури. На ова земјиште се произведува пченица, јачмен, пченка, детелина и бостан.

На овие земјоделци не им следуваат и субвенции, бидејќи договорите за закуп не им се продолжени.

 

Поврзани содржини