МИЦКОСКИ Е МНОГУ ДОБРО ЗАПОЗНАЕН СО СУМИТЕ Арсовска вели дека нема доволно силен маж кој може да ѝ ја загрози безбедноста

Градоначалничката додава дека штом можело некој од надвор, како Мицкоски, за нешто што се квалификува како доверливо, толку многу добро да е информиран смета дека органите во Македонија ќе имаат со што да се позанимаваат во следниот период.

1,248

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според неговото гостување на истата емисија, кое таа го гледала, е многу добро запознаен со сумите за тендерот на Водовод и Европската инвестициона банка вреден над 130 милиони евра кои биле доверливи.

– Со самото тоа што некој сите овие месеци ги криел процесите кои се одвиваат таму, а јас како градоначалник не сум добила ниту една пишана информација, ниту пак Советот добил било каква информација врзана за сите овие дејствија таму, а од друга страна видовме дека тука, токму во вашата емисија, претставникот кој што беше на опозициската ВМРО-ДПМНЕ богами и како тоа добро е запознаен со сите постапки, со сите суми, со сето она што се одвивало таму. Сметам дека е сериозна индиција за тоа што се случувало таму – вели Арсовска.

Таа додава дека штом можело некој од надвор, за нешто што се квалификува како доверливо, толку многу добро да е информиран смета дека органите во Македонија ќе имаат со што да се позанимаваат во следниот период.

На прашањето дали до неа стигнуваат закани, таа порача дека во земјава нема доволно силен маж кој ќе ѝ ја загрози безбедноста.

– Да, закани има, секогаш имало и верувам дека ќе продолжи да ги има, меѓутоа повторно тоа се зборови од луѓе кои се несигурни во себе, кои што знаат дека прават нешто кое не е соодветно, кое што не доликува – вели Арсовска.

На прашањето дека наводно соработува со СДСМ за да го урне ВМРО-ДПМНЕ, градоначалничката изјави дека нема ниту закрила ниту поддршка од која било партија.

– Не им одоговарам ниту на едните ниту на другите, а тоа за мене значи дека нешто добро правам во животот и планирам така да продолжам и понатаму – рече Арсовска алудирајќи на двете најголеми партии во земјата.

За тоа дека таа добивала директиви директно од Будимпешта, вели оти тоа било повеќе од смешно.

– Кога човек се наоѓа во таква незавидна позиција во каква што се наоѓаат овие луѓе сега, верувам дека единствениот излез им е да манипулираат, да измислуваат и да пласираат невистини – вели таа.

Арсовска потврди дека повеќе не е почесен конзул на Унгарија во Македонија затоа што се откажала од сите позиции на кои била откако станала градоначалничка.

 

 

Поврзани содржини