Со цел спречување негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, Видеолотарија Касинос Австрија постојано нагласува и едуцира за важноста на одговорното играње. Играта е само забава и тоа мора да го сфати секој играч кој учествува во игрите на среќа, велат од компанијата.
– Како општествено одговорна компанија, посветивме сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорно приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории. Активна е СОС линијата со вклучена телефонска поддршка на 072 809 809 и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни лица од областа на психологијата. Психолошката помош е бесплатна и анонимна – велат од Видеолотарија Касинос Австрија.
Совети за одговорно играње игри на среќа:
– Секоја игра на среќа е форма на забава!
– Кога играте, имајте на ум дека може и да изгубите!
– Водете сметка за времето поминато во игра!
– Не играјте со пари кои не се ваши!
– Кога играта ви предизвикува незадоволство или стрес, наместо забава, време е да престанете!
Видеолотарија Касинос Австрија од Европската асоцијација на лотарии поседува сертификатот за одговорно приредување игри на среќа, како компанија која долгорочно е насочена кон одржливо создавање и кофинансирање на спортски, образовни, културни и други програми со цел општествено придонесување, како и едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа. Нагласуваме дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа.