Ракот на дебелото црево е еден од најчестите типови на карцином, но и еден од оние кои што често се откриваат во подоцнежна фаза, бидејќи раните симптоми што ги дава оваа болест често ги мешаме со нешто друго или целосно ги игнорираме, што никако не смееме да го правиме.
Ова се седумте најрани знаци на рак на дебелото црево:
1. Упорни промени во цревата;
2. Грчеви, гасови или болка во стомакот;
3. Чувство дека цревата не се празнат целосно;
4. Промени во бојата и обликот на столицата;
5. Крвавење од ректумот или светла крв во столицата;
6. Слабост и замор;
7. Необјасниво губење на телесната тежина.