„Да штедиме време и енергија! Притиснете само едно копче во правецот каде ќе патувате“. Ваква порака испишана со црни букви на сребрена позадина ќе ве пречека во лифтот во зградата на Основното јавно обвинителство – Скопје.
Оти, нели, многу често ни се случува да го притиснеме копчето за нагоре, а треба да се симнеме надолу со лифтот.
Како и да е, ова е еден од доказите дека државата прави сѐ за да заштеди електрична енергија.