„Не го сакам февруари“: Дино Мерлин со грутка во грлото и солзи во очите му го испрати последниот поздрав на Балашевиќ (ВИДЕО)
Збогум, голем Ѓоле - напиша Дино Мерлин во описот на видеото.
Смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ го погоди целиот Балкан. Сите медиуми ја пренесоа веста за прераното заминување на пејачот, а од него се збогуваа многу познати личности.
Меѓу нив беше и големиот Дино Мерлин кој објави видео на својот Инстаграм профил.
Тој ги отпеа стиховите од песната на Ѓоле „Не го сакам јануари“, но поради заминувањето на Балашевиќ, гласеше вака: „Не го сакам февруари, ниту белите зимски ѓаволи, ги гледам истите траги на секој снег. .. “.
– Збогум, голем Ѓоле – напиша Дино Мерлин во описот на видеото.
View this post on Instagram