НЕ ГО ПРЕКРШИВ ДЕЛОВНИКОТ СО ТОА ШТО ГО ОДЛОЖИВ ГЛАСАЊЕТО Џафери тврди дека внимателно ги следел пропишаните чекори

Седницата беше свикана за 18 август според глава 5 на Деловникот во која се пропишани чекорите за текот на една седница, порача собранискиот спикер Талат Џафери.

187

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека постапил неделовнички кога го одложил гласањето за потребата за уставни измени по исцрпувањето на листата на говорници на пленарната седница на 18 август.

Џафери рече дека „тенденцијата за криво информирање го навело пред граѓаните да ја образложи својата постапка“.






– Седницата беше свикана за 18 август според глава 5 на Деловникот во која се пропишани чекорите за текот на една седница – рече Џафери.

Како што кажа тој, продолжението завршило со негова констатација дека претресот е завршен и дека за тоа кога ќе продолжи седницата пратениците ќе бидат дополнително известени.

Претседателот на Собранието се повика на членот 81 од Деловникот.

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини Џафери дека не го почитувал Деловникот на седницата за потребата за уставни измени.

Инаку, член 81 од Деловникот на Собранието, гласи:

(1) Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема мнозинство пратеници потребно за одлучување и во други случаи кога ќе оцени дека тоа е неопходно.
(2) Претседателот на Собранието ја прекинува седницата (пауза) по барање на координатор или заменик координатор на пратеничка група. Координатор или заменик координатор на пратеничка група во текот на денот само еднаш може да побара прекин на седницата, во траење од еден час.
 (3) Претседателот на Собранието ја прекинува седницата по барање на координатор или заменик координатор на пратеничка група заради доставување на стенографски белешки од обраќање или образложение на предлагачот, дадено на почетокот на претресот по одделна точка од дневниот ред.
 (4) Собранието може да одлучи седницата да се прекине по барање на претседател на работно тело, или координатор на пратеничка група заради одржување на седница на работно тело.
 (5) Времето за продолжување на прекинатата седница го определува претседателот на Собранието.

Поврзани содржини