НЕ ГО ПОЗНАВАМ ЛИЧНО, НО ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕ ОДЛИЧЕН ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Премиерот Мицкоски за Ненад Савевски
Премиерот рече дека во владата ги анализирале сите кандидати и нивните биографии и донела одлука Савевски да биде нивниот предлог.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање зошто се одлучил Ненад Савевски, да биде предложен за државен јавен обвинител, одговори:
– Ги анализиравме сите кандидати, ги анализиравме нивните биографии, воедно и заклучоците од Советот на јавни обвинители, и како Влада, во една конструктивна дебата, донесовме заклучок дека Ненад Савевски, може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител. Јас лично не го познавам Ненад Савевски, но од она кое што можев да го видам од неговата биографија, но и од распрашувањето, цениме дека би можел да биде добар, односно да не речам одличен нов државен јавен обвинител – истакна премиерот Мицкоски.