НЕ ГО ПОДДРЖУВАЛА ТРАМП Сменета е шефицата на американската воена база на Гренланд

562

Шефицата на американската воена база на Гренланд е сменета поради испраќање електронска пошта до персоналот, при што изразила поддршка за Гренланд како дел од Данска.

Таканаречените „Американски вселенски сили“ денеска соопштија дека полковникот Сузан Мејерс е сменета од позицијата командант на базата Питуфик на Гренланд поради „губење на довербата во нејзината способност да води“.






„Од командантите се очекува да се придржуваат до највисоките стандарди на однесување, особено кога станува збор за непристрасно извршување на нивните должности“, се наведува во соопштението.

Гренланд е територија на Данска, која е НАТО сојузник на САД. Но, Трамп сака да ја анектира таа територија, тврдејќи дека е неопходна за националната безбедност.

Поврзани содржини