Не го почитувала карантинот, па сега ќе плати казна од 10.800 евра

Жената очигледно воопшто не ја интересирала наредбата на здравствените власти и таа продолжила да ја напушта куќата и да пазарува.

254

Судот во Инсбрук изрече казна од 10.800 евра на 54-годишна Германка за непочитување на карантинот и намерно загрозување на други лица.

Во април минатата година, жената била позитивно тестирана за вирусот ковид-19, и добила карантин од властите.






Жената очигледно воопшто не ја интересирала наредбата на здравствените власти и таа продолжила да ја напушта куќата и да пазарува.

Таа пред судот рекла дека сумата за која купила намирници била премала за да може да нарачува преку Интернет.

За да го исфрли ѓубрето од својот дом, таа го користела лифтот, што според судот ги загрозило останатите станари.

Овој случај на игнорирање на наредбата за карантин го шокираше државното обвинителство.

– Не и беше гајле дали ќе зарази други луѓе. Таа беше толку дрска што полицијата дури мораше да ја уапси – рече обвинителот Клеменс Гатрингер.

Поради тоа, тој побара најстрога казна, а судот одлучи да биде немилосрден во казнувањето така што таа ќе мора да плати парична казна од 10.800 евра.

Поврзани содржини