НЕ ГО НИ СПОМНА ЗАПАДЕН БАЛКАН Чешка ги претстави приоритетите на претседателството со ЕУ

Чешкиот премиер Петр Фила пред европратениците во Стразбур ги претстави приоритетите на неговата земја како претседател на Советот на ЕУ.

484

Чешкиот премиер Петр Фила пред европратениците во Стразбур ги претстави приоритетите на неговата земја како претседател на Советот на ЕУ, при што потсети на постојаната потреба да се работи за модерна и оперативна Европа, со волја за зајакнување на заедничката слобода, одговорност, безбедност и просперитет, јави дописникот на МИА.

Во овој период на претседавање со Советот на ЕУ по вторпат, Чешка ќе се фокусира на пет тесно поврзани приоритетни области: управувањето со бегалската криза и обновата на Украина во повоениот период, енергетска безбедност, зајакнување на одбранбените капацитети на Европа и безбедноста на кибер просторот, стратешката отпорност на европската економија и отпорноста на демократските институции.






Во своето излагање пред Европскиот парламент, чешкиот премиер не ги спомена земјите од Западен Балкан. Тој потсети дека ЕУ се соочува со тешки времиња, не само поради руската агресија врз Украина, туку и поради галопирачката инфлација.

Поврзани содржини