НЕ ГО НАШОЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ, ПА СЕ ЗАКАНУВАЛ Кривична пријава за 35-годишник од Стримница
Инцидентот се случил откако осомничениот побарал прием кај градоначалникот, кој во тој момент не бил во општинската зграда.
Полицијата поднесе кривична пријава против 35-годишен жител на селото Стримница, општина Желино, поради закани упатени кон вработени во општинската зграда.
Според информациите од СВР Тетово, инцидентот се случил на 2 јануари, кога мажот дошол во Општина Желино барајќи средба со градоначалникот. Откако дознал дека градоначалникот не е присутен во зградата, тој започнал да им упатува закани на двајца вработени.
Настанот бил пријавен во полиција, по што биле преземени мерки за негово расчистување. По прибирањето на доказите, против осомничениот е поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста.