НЕ ГО ЛАЖИ НАРОДОТ КОЈ ГО НАРЕЧЕ СТОКА Ковачки му порача на Пендаровски да не манипулира, нема 80 пратеници за промена на Уставот

Дали некому му се важни изјавите на човекот, кој сопствениот народ го нарече СТОКА и кој кажа дека би се иселил од државата, ако не би бил претседател?, прашува Ковачки.

1,272

„Пендаровски, доста беше со замајувања де имало – де немало пратеници за промена на Уставот. Нема!“ – реагира на фејсбук Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, во врска со изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски, кој „смета дека бројката од 80 пратеници не е недостижна“.

Ковачки пишува: Дали некому му се важни изјавите на човекот, кој сопствениот народ го нарече СТОКА и кој кажа дека би се иселил од државата, ако не би бил претседател?






– Како може да му се верува на човек, кој додека беше носител на листа на она што Заев успеа да му го собере на купче, ветуваше и тврдеше: – „Нема шанси да се промени името на Македонија“; – „Во новата програма на Владата, името нема да биде приоритет“; – „Нема таков јунак, кој ќе го смени името, затоа што народот душата ќе му ја земе на тој што тоа ќе го направи тоа“; – „Не може да се смени името без државен консензус“ – прашува Ковачки.

Тој додава дека Пендаровски кога беше пратеник тврдеше: „Резултатите од референдумот за промена на името ќе бидат обврзувачки: ако биде неуспешен, процесот запира тука“.

„Кога стана Пендаровски претседател изјави: „Процесот на уставни измени не смее да биде како оној со Преспа и менувањето на името“, „Неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснил како Бугарин“, „Ние во Скопје немаме видено предлог за решавање на спорот со Бугарија“, „Нема да ги потпишам законите за Бехтел-Енка“, „Донесов одлука да ги потпишам законите за Бехтел-Енка“, пишува Ковачки.

Пратеникот прашува дали треба ли да му се верува на изјавите на Пендаровски, кој се сликаше со болното момче од цистична фиброза, ветувајќи му лек и помош, а тоа почина поради негрижа и незаинтересираност?

„Има уште многу вакви и слични изјави со „цврсти ставови“ на „таткото на нацијата“, кој ги навреди дури и војниците од 2001 година кога се откажа од нив нарекувајќи ги дека се неспособни. Македонија немала послаб претседател. Пендаровски, ти не си „татко на нацијата“, туку само слеп послушник на ДУИ и Ковачевски. Знаеме како го доби легитимитетот, кои ветувања мораше да ги реализираш за потребите на ДУИ и на остатоците-отпадоците на Сојузот на комунистите. Толку многу го заглавивте во калта возилото наречено „Македонија“, што за излез од оваа ситуација ќе ни треба 4х4 влеча, туркање од позади и влечење од напред. Но, за да може тоа возило воопшто да вклучи 4х4 влеча, треба ремонт на моторот. Потребни се избори, на кои ќе заминете и ќе те заборавиме тебе и вашите антимакедонски и политики за поддршка на криминалот на ДУИ и остатоците-отпадоците на Сојузот на комунистите – посочува Ковачки.

Поврзани содржини