НЕ ГО ИСКЛУЧУВАЈТЕ ОД ИСХРАНАТА! Корисен е за превенција од малигни заболувања, ги чисти желудникот и цревата и го намалува крвниот притисок

Празот содржи тиосулфонати, кои се претвораат во сулфиди кога растението се сече или се дроби. Сулфидите се фитохемикалии кои делуваат како природни антибиотици во организмот, ги намалуваат крвниот притисок и холестеролот, а со тоа помагаат да се зачува здравјето на срцето, мозокот и крвните садови. Познато е и дека ја зајакнуваат одбраната на организмот, корисни се во превенција од малигни заболувања и ги активираат ензимите кои учествуваат во детоксикацијата на организмот.

330

Празот одамна е популарен меѓу оние кои сакаат да ослабат или да го исчистат телото од токсини. Благодарение на изобилството на витамин Ц и други хранливи материи, го чисти телото и спречува некои болести. Старите Египќани и Грци го ценеле како храна и лек.

Во него можеме да уживаме во текот на целата година, а целото растение се јаде, бидејќи листовите се особено богати со бета-каротен и витамин Ц, кој се губат при готвење или печење, па се препорачува листовите да се јадат почесто сирови, на пр. во салата.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини