НЕ ГО БОЈКОТИРАМЕ „ЖАН МОНЕ“, БЕВМЕ ЗАФАТЕНИ Мицевски објаснува зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дојдоа на дијалогот

Зошто власта го одбра токму денешниот ден, кога веќе беше укажано и алармиравме дека имаме претходно закажани состаноци и средби не знам, но имам информации дека денеска се разговарало за одредени измени коишто би можеле да значат заобиколување на работата на работните тела односно на комисиите - рече Мицевски.

135

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не беше консултирана за точниот датум за одржување на продолжението на дијалогот во рамките на процесот „Жан Моне“. Од она што го имам како информација е дека денеска се разговарало за измени кои би можеле да значат заобиколување на работата на комисиите – изјави денеска координаторот на пратеничката група на опозициската партија Никола Мицевски.

Мицевски демантираше дека ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира процесот „Жан Моне“, нагласувајќи дека тие се најактивниот учесник во овој процес.






– Би сакал да демантирам одредени медиуми дека ВМРО-ДПМНЕ бојкотира. Апсолутно не, ВМРО-ДПМНЕ е најактивниот учесник во донесувањето односно работа на изгласување на новите измени на Деловникот кој што постои. Зошто власта го одбра токму денешниот ден кога веќе беше укажано и алармиравме дека имаме претходно закажани состаноци и средби не знам – рече Мицевски.

Тој потсети на постапката со уставните судии кога на половина од одржувањето на седниците се изготви извештај за да можат на Собрание да се изгласаат двајцата судии.

– Со таков еден извештај се дојде на Собрание и сакаат тоа да го направат на сите комисии. Очигледно власта не е спремна да трпи критика, да слуша аргументи затоа што постоечкиот Деловник дава можност за ограничување на дискусијата на пленарна седница, меѓутоа дава поголема можност за дискусија на работно тело – рече Мицевски.

Ова, како што рече, се негови размислувања за интенциите на власта затоа што, ако тие биле на некое повисоко ниво, состанокот ќе бил закажан во друг термин.

– Како и да е, начинот на којшто е одржанденеска состанокот „Жан Моне“ без учество на најголемата опозициска партија, му фрла сомнеж на кредибилноста на овој процес – вели координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски вели дека добиле датум за одржување на средбата без можност за договор и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ веќе имале закажано состанок со европратеници кои ќе дојдат денеска во Собранието.

– Делегација од десет луѓе ќе присуствува на денешната седница, а дополнително во следните денови како пратеник од изборна единица три од Општина Штип имав обврска да присуствувам на Свечената седница по повод ослободувањето на градот Штип и следствено на тоа беше дека не можам да присуствувам на двете места и овие беа веќе договорени активности. Зошто власта реши да го направи ова денес кога најавивме дека не можеме да присуствуваме тоа ќе ги прашате нив – рече Мицевски.

Поврзани содржини