НЕ ГЛЕДАМ НИШТО ЛОШО ВО ПОТЕГОТ НА СПЦ Цариград нѐ упати во Белград, останува да го видиме исходот!
Вселенската патријаршија нѐ упати на Српската православна црква да ги уредиме управните прашања меѓу двете цркви во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Штом Српската црква прифатила да ги решаваме овие прашања, не гледам што би можело да биде негативно во овој процес, вели митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар.
Српската православна црква (СПЦ) и другите православни цркви се согласни да сослужуваат со нас и тука завршува целата работа. Оттука одиме понатаму. Молчиме и ги чекаме следните потези.
Ова во изјава за порталот МКД го кажа митрополиот преспанско-пелагониски г. Петар, поврзано со вчерашното соопштение на Соборот на СПЦ за враќањето на МПЦ-ОА во литургиско единство.