НЕ ГИ СИМНАА МАСКИТЕ Почна Вевчанскиот карневал (ВИДЕО)

401

Инспирирани од секојдневните случувања во земјава и во странство, но и од политичката состојба, вевчанци денеска ги подготвија маските и традиционално, го почнаа дефилето под маски.

Со многу политика и исто толку смеа, се коментираа настаните кои ја одбележаа минатата година.






Неизбежни беа и маските за економската криза.

Вевчанци со карневалот ја слават Стара Нова година, a со маските и со ритуалите се обидуваат да го избркаат злото.

Пишаните  извори сведочат дека Вевчанскиот карневал е стар најмалку 1.500 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на паганските со христијанските обичаи. Карневалот завршува утре со последното василичарско оро и со ритуалното палење на маските.

Поврзани содржини