НЕ ГИ ПРОВОЦИРАЈТЕ И НЕ ВОЗЕТЕ БРЗО! Жителите на Херсон добиле инструкции како да се однесуваат со руските војници

Вчера никој не излезе од своите домови затоа што беше премногу опасно, но денеска луѓето почнаа да излегуваат и се обидуваат да купат храна. Во градот е мирно, но на периферијата сѐ уште се водат борби, раскажала за Би-Би-Си жителка на украинскиот град Херсон.

1,178

Жителите на украинскиот град Херсон, каде што врие од руски војници, добиле инструкции кои мора да ги следат ако сакаат да си немаат проблеми со непријателот.

Како што раскажала Украинката Нина за Би-Би-Си, едно од правилата е жителите на Херсон да не ги провоцираат руските војници.






– Имаме правила што мораме да ги почитуваме. Едно од најважните правила е да не ги провоцираме руските војници. Не можеме да се движиме во групи, не смееме да возиме брзо со автомобил. Мора да сме подготвени да застанеме и да покажеме што имаме во нашето возило – раскажала Нина.

Таа посочила дека за разлика од вчера кога се слушале борби и експлозии, во градот денеска е тивко и мирно.

– Вчера никој не излезе од своите домови затоа што беше премногу опасно, но денеска луѓето почнаа да излегуваат и се обидуваат да купат храна. Во градот е мирно, но на периферијата сѐ уште се водат борби. Проблем е тоа што голем број луѓе немаат вода, струја и интернет, а потребна им е и медицинска опрема. Се надевам дека нема да треба премногу време и дека ќе бидеме добро – раскажала Украинката.

Поврзани содржини