НЕ ГИ ПЛАТИЛЕ СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО, АМА ДЕНЕСКА ДОБИЈА ТОПЛИНА Топланата Скопје Север ги затопли жителите на Бутел и Чаир
Правилникот за испорака на топлинска енергија за Скопје предвидува парното да се вклучи и пред почетокот на сезоната и трае подолго од крајот на сезоната зависно од временските прилики.
Иако е во стечај, Топланата Скопје Север утрото ги вклучи радијаторите на околу 500 домови во општините Бутел и Чаир.
Топланата набавила гас по пазарна цена од А.Д. „Макпетрол“, но предуредува дека ако државата не го субвенционира гасот, овој дел од Скопје ќе се грее до крајот на годината.
По сегашните цени на гасот Топланата годишно треба да плати 125 милиони денари за природен гас но Регулаторната комисија за енергетикаим признава 65 милиони денари, што значи дека доколку нема сувбвенции топланата нема да може да работи по Нова година.
Одговорите во Топланата велат дека имаат долгови од стрнаа на институциите, општините, градот Скопје, училиштата како и од граѓани.
Парно за овој дел од Скопје ќе има и утре според временските услови и правилникот за испорака на топлина.
Остатокот од Скопје денеска немаше топлинска енергија. ЕСМ и „Адора инженеринг“ преговараат за топланите Исток и Запад.
Од ЕСМ уверуваат дека скопјани ќе добијат парно греење со почетокот на грејната сезона а тоа е 15 октомври.
Законските прописи предвидуваат дека грејната сезона може да започне од 1 октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 120С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, односно 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.